Дизајнерката на филиграни Марија Милошевска, денеска од 13.30 до 16 часот ќе одржи работилница во ЕУ инфо-центарот во Скопјe. Проектот Ready Made ( Носија за тебе – costume national ) е од областа на креативните индустрии.
ОРО работилницата под раководство на Милошевска, е со подршка од Министерството за култура.
Откако го спои со рок-музиката и фотографијата, една од најиновативните македонски дизајнерки на накит, му даде нов живот на филигранот и на филм. Kреативката позната по својот проект „Оророк“ е актуелна со филмот „Сребрена песна“ во режија на Kирил Шентевски. Таа стои и зад дизајнот на уникатната статуетка за најдобра колекција на Stylist.mk наградите, што на 31 октомври ѝ беше доделена на Росица Мршиќ, за нејзината линија презентирана на есенското издание на Модниот викенд-Скопје.
Нема коментари