Доколку го следите реалното шоу на Даен јан фон Фурстенберг House of DVF што се емитува на E! и во кое дизајнерката бара заштитно лице на нејзиниот бренд, сигурно сте го забележале просторот во кој се одвива дејството. Станува збор за шесткатна зграда во њујоршкиот Meatpacking District, а која е организирана на неколку нивоа. Тука се наоѓа главната продавница, огромен шоурум, нејзиното работно ателје, седиштето на целата компанија, како и пентахаусот со зелена градина на врвот од зградата.
Целиот проект на адаптирање на работниот простор на Дајан фон Фурстенберг е дело на WORК Architecture, а зграда ја обединува големите и модерни скали со кои се поврзуваат сите нивоа и кои внесуваат светлина од стаклениот плафон што потоа со помош на со хелиостатски огледала се разнесува во внатрешните делови од зградата. Иако зградата е со препознатлива њујоршка фасада од црвени цигли, пентхаусот е футуристички со стаклена структура во едниот агол која изгледа како гигантски дијамант да паднал врз кровот. Архитектите од WORК Architecture исто така дизајнираа 14 продавници на фон Фурстенберг во 11 различни држави.
Нема коментари