Просторот и модното ателје во кое творат модните дизајнери и блогери е одраз на новниот стил и креативен универзум. Специфичен и со стил, токму и како модата што ја создаваат. Неколку модни инсајдери во различни публикации го открија изгледот на својот работен простор. па така, канцеларијата на Александар Ванг е елегантна и секси како што очекувавме, медиумската империја на блогерката Леандра Медин функционира во простран њујоршки лофт, а Џена Лајонс од J. Crew работи во канцеларии кои се како моден колаж. Младите Лорен Конрад и Витни Порт можеби не се многу значајни модни дизајнерки, ама имаат интерсни и колоритни канцеларии.
Доколку ја посетите њујоршката канцеларија на дизајнерот Александар Ванг ќе наидете на прочистен и индустриски стил на декорирање, кој зрачи со секси елеганција, а зад бирото ќе забележите ѕид обоен во црна лакирана боја. Токму така го замислувавте работниот простор на Ванг, нели?
Кај блогерката Леандра Медин (Man Repeller)се среќава њујоршка лофт-естетика, со бели ѕидови, високи тавани и дрвен под, но просторот е полн со духовити детали и впечатливи парчиња мебел како што се столиците од бакар.
Еден голем ѕид во канцеларијата на Џена Лајонс, креативецот зад зголемениот успех на американскиот бренд J. Crew, претставува колаж на важни фотографии, инспиративни цртежи, уметнички слики и недовршени скици. Овој похаотичен дел е дополнет и со полици списанија, но во другиот дел на нејзината канцеларија се чувствува смиреност и просторот е полн со светлина.
Ателјето на Лорен Конрад зрачи со топлина, но и со модерен младешки изглед. Просторот во кој таа работи има ѕид со црвени цигли, големо ретро биро, фотелји од црвено кадифе и со принт на зебра, односно декор кој се темели на микс на бои и текстури.
Младата модна дизајнерка Витни Порт работи во простор во кој прштат интензивни бои и смел декор. На ѕидот зад нејзината работна маса има слики и фотографии, а слична тема содржи и просторот наменет за средби со клиенти.
Нема коментари