Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира традиционалниот Challenge Day, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.
Настанот ќе се одржи на 25 (четврток) и 27 (сабота) април, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид. За биде предизвикот поголем оваа година е зголемена поддршката на нови студенти со обезбедување на фонд од 50 илјади евра за заинтересираните студенти на Qinshift Academy.
-Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро – изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.
Сhallenge Day ќе го опфати академиите на Qinshift Academy и тоа за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графчки дизајн, гејм дизјан, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање, Data Science и дигитален маркетинг.
Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на Challenge Day треба да го пополнат формуларот за апликација.
Нема коментари