Фановите на „Игра на тронови“, покрај маиците, беџовите, игри за на маса и минијатурните кукли, наскоро ќе добијат и накит со симболите од популарната епско-фантастична серија. Два дена пред почетокот на четвртата сезона на проектот на HBO (на 6 април во светски рамки) ќе биде лансирана линијата на ѓердани и прстени изработени од канадската фирма за накит Pyrrha. Бренот стациониран во Ванкувер направи талисмани со грбовите на семејствата Старк, Ланистер, Тајрел, Баратеон, Грејџој Вестерос и Таргариен. Станува збор за офицојлна колекција на накит, одобрена од HBO и од тимот на „Игра на тронови“. Унисекс парчињата се изработени од сребро и бронза, а цената ќе биде меѓу 98 и 900 долари. Обожавателите на серијата, базирана на книгите „Песна за лед и оган“ на американскиот писател Џорџ Р.Р. Мартин, ќе може да ги нарачаат овие модели преку онлајн продавницата на HBO.
Малата компанија Pyrrha, именувана според ликот од грчката митологија, е позната по рачно изработениот накит, кој има старински, средовековен изглед, токму како што е амбиентот на „Игра на тронови“. Брендот, кој сега има продажно место и во Лос Анџелес, осонован е од Вејд Папин и неговата сопруга Даниел Вилмор. За брзо време стана еден од омилените брендови за накит меѓу повеќе холивудски ѕвезди, како Бред Пит, Џенифер Лоренс и Тејлор Свифт.
-Бевме пресреќни кога ни пријдоа од HBO и замолија да им изработиме колекција накит инспирирана од „Игра на тронови“. При дизајнирањето на парчињата чувствуваме дека е суштински да го доловиме духот на оваа серија , а истовремено тие да бидат во препознатливиот стил на Pyrrha -изјави Папин.
Минатиот мај HBO, во соработка со швајцарскиот изработивач на саати Ulysse Nardin, лансира лимитирана колекција на часовници наречена Night’s Watch.
Нема коментари