Секоја година на почетокот на декември институтот за бои Pantone, светски авторитет на полето на комуникации со бои, традиционално објавува која ќе биде бојата за следната година. Прогнозата за трендови вели дека тоа ќе биде Ultra Violet, пурпурно виолетова боја заведена под бројот 18-3838. „Живееме во време кое бара инвентивност и имагинација. Ваквата креативна инспирација е автохтона за Pantone Ultra Violet, пурпурна со сина база, боја која што ги сведува нашата свесност и потенцијалот на повисоко ниво. Од истражување на нови технологии и поголеми галаксии, до уметничко изразување и духовно размислување, интуитивната ултра виолетова го осветлува патот до она што допрва треба да дојде“, вели Леатрис Ајзерман, извршен директор на Pantone.
Цитирајќи ги музичките икони Принс, Дејвид Боуви и Џими Хендрикс, во Pantone забележале дека длабоко виолетовата „одамна е симбол на контракултура, неконвенционалност и уметничка брилијантност”. Оваа нијанса исто така ве тера да помислите на „мистериите на космосот, интригите на она што е пред нас, и откритијата подалеку од онаа каде што сме сега“, како и на „огромното и бескрајно ноќно небо“.
ПРОЧИТАЈТЕ: Пурпурната е новата омилена нијанса на милениумците
Пурпурната изгледа доста интригантно и во модата, проектира оригиналност, визионерско размислување и смелост. Според Ајзерман и Pantone, изборот на оваа боја треба да поттикне храброст и смелост, да се биде навистина оригинален треба да биде расположението за следната 2018-та. Ултравиолетовата освен во модата, ќе биде патоказ и во други области како уредување на ентериери, дизајнирање продукт производи, мебел, автомобили, козметика, па и во бојата на косата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари