Пурпурниот блузон со диносаурус што го носеше Дастин, еден од главните ликови на Stranger Things, е најбараното парче меѓу фановите на серијата. Со нарачките тие го срушија веб-сајтот на Научниот музеј на Минесота, каде што се продава ова винтиџ парче. Станува збор за блуза со качулка на кој стои натписот на Science Museum of Minnesota и цртеж на фосил од Brontosaurus.
Дастин, кој го толкува Гатен Матарацо, се појави со него во првата епизода од втората сезона. Костимографот на Stranger Things , Ким Вилкокс оригиналниот блузон од 80-тите го набавил онлајн, сметајќи дека одлично се вклопува со ликот на Дастин Хендерсон. Бидејќи моделот бил преголем за младиот актер, направиле помала копија.
Благодарение на популарноста на серијата и на симпатичниот Гатен, моделот доживува успешен камбек. Досега преку сајтот на Science Museum of Minnesota се продадени повеќе од 80.000 маички, и се заработени 600.000 долари, кои музејот ќе ги намени за едукативни програми. Покрај варијантата како во серијата- блузон со качулка кој чини 36,95 долари, во продажба се и блузи со долги ракави какои маички по куси ракави .
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари