Козметичкиот гигант M•A•C со години остварува соработки со познати шминкери, актерки, пејачки, дизајнери на облека, најново брендот за шминка оствари партнерство со спортската компанија Puma за да се создаде ултимативен изглед кој може да се објасни како – патики кои одговараат на вашите усни! Соработката меѓу двата бренда се однесува на лимитирана колекција на патики на Puma кои се во боите на омилените карминина M•A•C. Па така иконскиот модел на патики Suede доаѓа во боите на трите кармини бестселери на М•A•C – Crème d’Nude кој е во неутрална боја со тонови на праска и кремасто-светкава формула, Lady Danger кој е мат кармин во светло црвена боја, и Sin мат кармин во темна нијанса на слива.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари