Шарено освежување во делот на спортска облека
Познатата дизајнерка на чевли Софија Вебстер е последната креаторка што соработува со германскиот спортски гигант Puma и веќе од денес, 5 септември, Puma x Sophia Webster колекцијата е достапна онлајн и во селектирани продавници на Puma. Препознатлива по својата шарена естетика и живописни принтови, овој стил го пренесе и на спортската облека и на линијата на патики со потпис на Puma. Досега креираше само обувки, а ова е првпат да се посвети и на дизајн на облека. Па предлага хеланки, кратки спотски блузи, тренерки, шорцеви и други спортски парчиња со шари и со флуоресцентни детали, како и линија на патики, влечки и сандали. Во креирањето Софија се инспирирала од танцот, нејзината омилена рекреација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари