Модниот бренд Pull & Bear ја претстави својата лимитирана колеција Night Out, која содржи повеќе стилски идеи за вечерно излегување и за следните есенско-зимски забави, младешки комбинации со шарени светки, сатенски и металик ткаенини и апстрактни принтови.
Без разлика дали да одиме во диско или ја подготвуваме нашата гардероба за новогодишната сезона, новата колекција на Pull & Bear има фина понуда за овие пригоди како мини фустани со изрези, прерамка околу вратот, модели со светки и нагласено деколте. Овие фустани се придружени со светкави хулахопки во нијанси како жолта или класично темно сива боја.
Во колекцијата има и сребрени металик панталони, сатенски блузи во боја циклама, разни блузи со тенки прерамки, комбинезони со ретро принт. Секако, поради ниските температури во овој период, овие стајлинзи нека се дополнат со кратка крзнена јакна, пердувеста монтка или капут.
Нема коментари