Барате здрав десерт за да ја задоволите вашата желба за благо?! Еве еден едноставен и брз рецепт за пудинг на база на авокадо и какао, кој освен што е сладок, прави и детоксификација на организмот. Потребни се следниве состојки:
- половина зрело авокадо
- 5-6 лисја зелена салата
- половина шолја натопени индиски ореви
- 2 лажици какао
- 3 урми или агаве сируп
- малку цимет
- 4-5 дл топла вода
Авокадото пасирајте го во блендер за да добиете мазно пире и потоа измешајте го со другите состојки. Послужете во чаша.
Нема коментари