Шведскиот бренд за мебел и предмети за домот ИКЕА повремено претставува колекции во кои учествуваат разни дизајнери на мебел, за следниот месец ја најавува линијата PS 2017, која се фокусира на темите на рециклирање, одржливост и прилагодливост.
На колекцијата PS 2017 работеле 21 дизајнер, како млади, така и етаблирани имиња, а резултатот е мултифункционален мебел, повеќето направен од рециклиран материјал. Парчињата претежно одговараaт на стилот на младите, урбани луѓе го водат динамичен живот. Највпечатливи парчиња се меките фотелји со потпис на Truly Truly, светилките на дизајнерот Хенрик Прojц, фотелјите на Маркус Арвонен, а во колекцијата има едноставни гарнитури со метална основа, мали клуб-масички, вазни, прекривачи и перници.
Нема коментари