Денеска јавноста за прв пат го виде синот на Принцот Хари и Меган Маркл, на кратка средба со медиумите во замокот Виндзор, два ден по неговото раѓање. Неколку часа по неговото прво појавување пред медиумите беше откриено и неговото име – Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.
Името драматично ги вознемири оние што со месеци се обложуваа како ќе се вика „бебето Сасекс“, повеќето сметаа дека ќе го носи името Александар.
Името Арчи е скратено од Арчибалд, има германско потекло и значи „смел“ и „храбар“, а Харисон е – синот на Хари.
Нема коментари