Престижниот прв ред на модните ревии изминатава декада можеби претрпе големи промени, но сепак остана место каде што седат најинтересните гости. Во минатото столчињата до пистата беа резервирани исклучиво за модните критичари, баерите и за славните личности, кои пред неколку години беа заменети со модните блогери. Но, сега таму седат највијателните личности на социјалните мрежи, без разлика дали санува збор за музики или филмски ѕвезди, модни новинарки, блогерки, ТВ-личности, или пак „обични“ девојки и момчиња кои имаат милиони лајкови и следбеници на „Фејсбук“, „Инстаграм“ или „Твитер“. За време на одржување на Модната недела во Њујорк во првите редови, рамо до рамо со Ана Винтур седнаа популарни блогерки како Тави Гевинсон, Леандра Медина, но и актерки како Сара Џесика Паркер, Гвинет Палтроу, Дајан Кругер, Кристина Ричи, Џулиен Мур, Пријакна Чопра, Зои Кравиц, Наоми Харис, младата ѕвезда Мили Боби Браун, стилистката Рејчел Зои, трендсетерките Алекса Чанг и Оливија Палермо, моделите Коко Роша, Карли Клос, Каролина Куркова, Емили Ратајковски, режисерката Софија Копола, музичката икона Деби Хари, ќерката на Доналд Трамп, Тифани, синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и други. Тие носеа интересни стајлинзи кои, покрај креациите преставени на ревиите, може да послужат како испирација и тренд за тоа што ќе се носи наредниот период.
Нема коментари