Објавен е првиот трејлер на контроверзниот биографски филм за убиството на модниот дизајнер Џани Версаче во 1997 година во Мајами, наречен „Атентатот на Џани Версаче: Американска криминалистичка приказна“. Едгар Рамирез го глуми италијанскиот дизајнер, а Дарен Крис неговиот убиец Ендрју Кјунанан. Во главните улоги се појавува и Пенелопе Круз која што ја глуми Донатела Версаче, сестрата на Џани. Од трејлерот можеме да забележиме дека како Шпанка, добро ѝ оди глумењето на Италијанка која зборува англиски со тежок италијански акцент. Ова е вториот дел од серијалот American Crime Story, првиот дел за О.Џ. Симпсон постигна голем успех, а продуцент Рајан Марфи може да се пофали со уште една позната телевизиска франшиза – American Horror Story.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари