Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ен Хатавеј, Сара Полсон, Ријана, Хелена Бонам-Картер, Минди Кејлинг и Аквафина позираат во воз во подземна железница на првата официјална фотографија на филмот Ocean’s 8, женската верзија на познатиот филмски серијал почнат со Ocean’s 11. Филмот сè уште се снима , а приказната се врти околу „кражбата на векот“ за време на одржувањето на познатата Мет Гала.
Женскиот ребут на познатат машка трилогија во која глумеа Мат Дејмон, Бредн Пит, Џорџ Клуни и други познати актери, се реваншира со одличен женски кастинг во кој Санда Булок ја глуми предводничката на групата, Деби Оушн. Продуцентите најавуваат дека во филмот ќе се појаваат и модните креатори Зак Посен, Томи Хилфигер и Александар Ванг, потоа Џиџи Хадид, Ана Винтур и други личности од модата, Ким Кардашијан веќе ја сними својата сцена, а за премиерата на филмот ќе почекаме до 8 јуни 2018 година.
Првата официјална фотографија и оние од снимањето на филмот по улиците на Њујорк ја зачнаа и темата на костимографијата и модата. На првата фотографија каде што се уловени сите актерки од Ocean’s 8, ја гледаме Булок во бела бунда од вештачко крзно на Стела Макартни, до неа е Кејт Бланшет во јакна со животински принт, а тие двете се претпоставува дека се носечките ликови во филмот. Од фотографиите на сетот можеме да забележиме дека нивните костими се во ретро стил инспириран од 70-тите. Во сличен стил е и Сара Полсон, Ен Хатавеј е во припиен мантил со принт, а Хелена Бонам-Картер многу веројатно како и во повеќето нејзини филмови ќе има доста ексцентричен изглед. Пејачката Ријана во својата прва голема актерска улога глуми хипи-рејверка со дредлокс, искинати фармерки и маички со Боб Дилан.
Нема коментари