Веќе ја имате чуено реченицата: „Не можете да судите за книгата според корицата“- но кажете им го тоа на целите маркетиншки оддели посветени да искреираат корици за книги кои ќе треба да ги магепсаат и привлечат читателите кон содржината. Издавачите добро знаат дека насловната корица е нивна златна можност за поврзување и продажба на нивниот таргетен пазар.
Луѓето исто така го имаат тоа што во многу наликува на корица на книга. Тоа се нарекува имиџ. Визуелно, тoa e збир од она што се облекува, вклучително со боите, стилот и тоа како пасува облеката, додатоците исто како и фризурата и се она што е видливо за окото. Сопствениот имиџ може да ги маѓепса и привлече другите исто како корицата на книгата. Квалитетите кои сакаме да ги искажеме, со сигурност можат да бидат пренесени на тој визуел. Па колку е тогаш важен сопствениот имиџ? Многу.
Понекогаш и некој изговорен збор ќе ја продаде книгата без разлика на корицата. Во бизнис светот тоа е нешто на кое сите се надеваат, но дури и со добра репутација, тука се многу нешта што можат тоа да го срушат. Но доколку сликата навистина е во склад со содржината оние наспроти ќе бидат релаксирани ,доверливи и отворени за комуникација.
Во бизнисот сè се сведува на комуникацијата. Секоја точка на контакт е можност за екпресија на тоа кој сте и што правите, на начин кој е силен и убедлив. Фактите говорат дека дури 93 отсто од првата импресија се базирани на невербалната комуникација. Она што го изговараме изнесува само 7 отсто од впечатокот кој го оставаме. Токму затоа креирањето на ефективен бизнис-имиџ е витално.
Успешните луѓе веруваат дека нивниот успех се препишува на погодните меѓусебни релации во иста мерка колку што е заслуга на способностите, бизнис знаењето и умешноста. Комуникацијата и имиџот кој се презентира, го креира првиот впечаток и тој е многу често и траен за лугето кои сме ги сретнале.
Првата импресија е долготрајна. Дали изгледот на тимот е во согласност со квалитетот на продуктите? Без разлика дали ни се допага тоа или не, бизнисот сепак е суден и е под влијание на начинот како се видени вработените. Да се биде само добар не е доволно добро во денешните натпреварувачки пазари.
Да се има препознатлив имиџ во сите аспекти од бизнисот е клучно за доверба на клиентите во тоа дека тој бизнис е стабилен и успешен.
Нема коментари