Фотографот Овен Скарбиена во летото 1988 година ја фотографираше тогаш непознатата 14-годишна Кејт Мос на едно тениско игралиште во лондонскиот парк Батерси, а никогаш порано видените фотографии кои се сметаат за прва професионална фотосесија на иконската супермоделка, сега се поставени на изложбата Kate: Unseen во Zebra One Gallery во Лондон. Скарбиена во пресрет на изложбата откри дека при фотографирањето на Кејт ѝ рекол „да се преправа дека ѝ е досадно додека чека на автобуска станица“, од произлегол израз на лицето кој подоцна ќе стане препознатлив за манекенката. За пробната фотосесија Скарбиена бил ангажиран од страна на Сара Дукас, сопственичката на модната агенција Storm Models, која всушност ја откри младата лондончанка на еден американски аеродром. Овен вели дека можеби од тоа фотографирање немал поим дека Кејт ќе стане толку позната, но сепак забележал колку природно се однесува пред камера, што му се допаднало затоа што тоа одговарало со неговиот минималистички стил. Негативите од сите фотографии долго време биле скоро заборавени во некоја негова фиока, сè додека близок пријател не му сугерирал да ги изложи. Оваа фотосесија е направена една година пред серијата портрети на фотографката Корин Деј кои ја прославија Кејт, а по кратко време ја доби и првата насловна на Vogue. Останатото е легенда…
Нема коментари