Македонија може да се пофали со убава природа, квалитетно вино, ајвар и домашно слатко, но овојпат може да се пофали и со првата веганска венчавка. Наташа и Столе, двајцата долгогодишни активисти за правата на животните, минатиот месец решија својата љубов да ја крунисаат како што најдобро знаат – со многу веганска храна. Во атмосфера која совршено прилега на еко-духот на венчавката, меѓу зеленилото на Водно, овие две хумани души си кажаа „ДА“. На поканите стоеше пораката „Сè што ви треба е љубов и зеленчук“, а на венчавката се служеше исклучиво веганска храна и сите присутни уживаа во прекрасното мени.
Најдолго очекуваната свадбена торта беше креирана од слаткарскиот гуру Катерина Алексовска, сопственик и главен дизајнер на слатките задоволства во слаткарниците на Magic Cake. Тортата од својата неодолива внатрешнос, па се до комплетната романтична декорација беше 100% веганско слатко задоволство во кое имаа чест да уживаат сите гости кои беа дел од свадбената прослава. Веган беше и бидермаерот на невестата, а богами и реверот на младоженецот.
Нема коментари