Долго време чекавме од 1982 година и конечно се појави првата снимка од продолжението на класикот во научно-фантастичниот жанр, „Блејд Ранер“, режиран од Ридли Скот и адаптиран според „Дали андроидите сонуваат електрични овци“ на Филип К. Дик, приказна за Рик Декард, Блејд Ранер кој лови непријателски репликанти, односно човеколики андроиди. Во време на римејкови и reboot-филмови, да се сними продолжение на еден од најкултните филмови се смета за деликатна работа. Кој би се осудил да чепне врз наследството на „Блејд Ранер“?!
убителите на овој филм на Ридли Скот, треба да знаат дека Скот повторно е дел од екипата, сега како извршен продуцент. Продолжението е наречено „Блејд Ранер 2049“, режијата е на Денис Вилнев, Харисот Форд повторно се појавува во улогата на Рик Декард, а другата машка улога е доделена на Рајан Гослинг кој го глуми офицерот К, новиот Блејд Ранер. Форд и Гослинг се појавуваат во тизерот, а снимката открива и мистериозен жолт пејсаж и слики на неонски улици на Лос Анџелес од иднината. Триесет години по настаните од првиот филм, новиот Блејд ранер (Гослинг), открива длабоко закопана тајна која има потенцијал да го уништи она што остана од општеството во хаос. Откритието го доведува во мисија да го пронајде Рик Декард (Форд), кој е исчезнат во последните три децении…
За премиерата ќе треба да почекаме уште малку, таа е закажана за 6 октомври 2017 година. Во филмот глумат и Ана де Армас, Робин Рајт, Џаред Лето, Баркхад Абди, Лени Џејмс, Мекензи Дејвис.
Нема коментари