Неодамна назначена за креативен директор на „Клое“ Наташа Ремзи-Леви ја претстави првата колекција за оваа париска модна куќа. Некогаш десна рака на дизајнерот Никола Гескиер, Ремзи-Леви сега има голема задача да го задржи интересот за брендот и да ја продолжи линијата на успешни колекции кои пред неа ги потпишуваа Клер Вајт Келер, Фиби Фајло, Стела Макартни и Карл Лагерфелд. Таа во деби колекцијата вметна лелеави фустани во викторијански стил и креации со езотерични илустрации, органски материјали и суптилни бохо референци карактеристични за брендот, како и модели во бела, црвена и теракота – боите на Египет, од каде што потекнува основачката на „Клое“, Габи Агион.
Нема коментари