Џон Галијано ја претстави својата прва машка колекција за модната куќа Maison Мargiela на ревија во рамките на Париската недела на машка мода. Во колекцијата со машка облека за есен-зима 2018, Галијано ги спои модните кодови за иновативна конструкција на куќата со сопствената драматичност како неов препознатлив израз. Тој претстави возбудлива колекција реинтерпретирајќи ги класици, како што се на пример мантилот и костумот со тенки линии, предлагајќи нови начини како да се носат. На пистата постави превртен тријаголник, кој според дизајнерот претставува синерија, односно симбол на спојот на двата начина на размислување: методологијата на белгискиот креатор Мартин Марџела со сопствената на Галијано, начинот на кроење на Мартин со техниката на драпирање на Џон. Во тој микс се најдоа мантили и капути со различни кроеви и интервенции во кроевите, ски-јакни, плетиво и патики, црна, бела и тегет прошарана со јаки нијанси на жолта, портокалова, црвена и кобалтно сина, елеганција во спој со поавангардни елементи како широк појас во облик на корсет, верзија на машки здолништа и парчиња од проѕирен винил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари