Една од најочекуваните ревии на Париската модна недела беше онаа на „Баленсијага“, прва креирана од страна на новиот креативен директор Демна Гвасалија, со кој се отвора нова ера во куќа и предвидливо е спој на традиционални кроеви и луксузна мода интерпертирани низ призма на уличната мода. Секоја промена во модна куќа е тешка, па првите впечатоци се движат од одушевување до негодување, и критика дека колекцијата премногу наликува на креациите на брендот на Гвасалија за својот бренд Vetements. Гвасалија ги презема раскршените couture облици карактеристични за Кристобал Баленсијага и ги преобразува за современите клиенти. А новите кул клиенти ќе носат тексас јакни со поинаков крој, деконстуирани цветни фустани, луксузни капути, монтка-јакни, здолништа со специфични кроеви, сиви костими со форма на песоче часовник и шарени хулахопки. Демна во голема доза ја вметнува својата естетика инспирирана од уличната мода, испреплетена со визијата на висока мода на шпанскиот дизајнер Крстобал Баленсијага, применувајќи ја и познатата заоблена „чаура“ силуета на основачот на куќата.
Нема коментари