Во луксузниот амбиент на хотелот со пет ѕвезди The Westbury во Даблин, во друштво на ВИП гости, македонската парфимерка Марија Аслимоска деновиве одбележа една година од отворањето на Parfumarija. Парфимеријата, која се наоѓа во срцето на Даблин, забележа заокружи успешни 12 месеци.
- Навистина имав многу успешна година, со научени многу нови нешта, запознавање на многу нови луѓе, стекнав нови пријателства и уживање работејќи ги токму тоа што го сакам и цел тој труд кој го вложив ми донесе и финансиски успех, исто така-вели Марија.
Настанот го замислила како интимна дружба од 40 селектирани луѓе мегу кои имало ВИП клиенти на Parfumarija, модни стилисти, новинари, а специјален гостин на вечерта бил Етјен де Свардт, од револуционерната парфимериска куќа – Etat Libre d’Orange.
-Тој е човек кој со години има работено за LVMH, поточно „Живанши“. Во 2006 година почна самостојна работа и го основа Etat Libre d’Orange. Кога велам дека брендот е револуцинарен, тоа го кажувам бидејќи еден од мирисите во нивната колекција Secretion е направен да мириса на чиста сперма! Меѓутоа не се само револуционерни туку имаат и култно следење низ целиот свет бидејќи во 2011 година Etat Libre d’Orange соработува со актерката Тилда Свинтон на парфем кој се вика Like This и ја освои една од највисоките награди кој еден NIche парфем моќе да ја освои – The Fragrance Foundation во Франција. Се вика вика Like This бидејки на Тилда Свинтон ова и е омилениот поема од познатиот поет Руми…Така да, таа со тој парфем во кој корисити само портокалови ноти, како сто се мандарина, портокал, морков, тиква, ѓумбир, морско оревче се обидува да го направи мирисот на Бога. Во нејзината имагинација, Господ мириса на портокаловите плодови од природата. Многу уникатен мирис,кога ќе го помирисата венаш ќе сфатите зошто парфемот ја има освоено наградата… Така да, имавме голема чест сто Етјен де Свардт дојде да биде дел од нашата прослава, бидејќи многу луѓе му се восхитуваат во светот на парфемите-вели таа.
Во однос на тоа колку Parfumarija има постигнато од тоа го замислила пред отворањето, до денеска, вели дека резултатите ги надминале очекувањата.
-Имаме веќе доста лојална база на клиенти, новинарите нè поддрзуваат цело време со многу убави натписи. Имам често прилика да гостувам на радио-емисии и да ја зборувам за она сто го работам. Дури и странски медиуми ни се јавуваат за бизнис идеи и мисленје, едно посебно искуство бепехрватското издание на магазинот Forbes, како и Stylus, светска компанија која ги советува големите компании во светот бараше изјави од нас за тоа како сме го постигнале сето ова со Parfumarija-вели Марија.
За Аслимоска првпат се слушна во нашата јавност мината година, благодарение на соработката со креаторката Тања Кокев на првиот парфем со потпис на наш дизaјнер. Марија, која има диплома и од престижниот Grasse Institute of Perfumery од Франција, а се школувала и во Хрватска, е авторка на формулата на Actress by Kokev. Таа изминатите осум години живее и работи во ирската метропола ја доживува како свој дом. Таму заминала во 2006 година, кога добила понуда за работа. Следната година се запишала на факултет, кој успешно го завршила во 2011. (А.Н.)
Фото: Анџела Халпин ( )
Нема коментари