На импровизирана плажа, со кубанска музика, многу коктели и разиграна атмосфера, во присуство на неколку стотици гости, вчера беше одбележан првиот роденден на урбаното скопско кафуле „Концепт 37“. Во духот на насловот на забавата Life is a Beach (Животот е плажа), балконот на Рузвелтова 37 овие два дена е претворен во мини-крајбрежје со морски песок, гуми за спасување и други украси, кои алудираат на забава на плажа. Сè што ви треба се лежерна облека, шапка и апостолки (а за тие што не носеа имаше обзбедено со амблемот на „Концепт 37“). Во летниот амбиент допринесе и тимот на кафулето, кој беше облечен во морнарски маици (бели со црни пруги) појаси за спасување и капетански капи. Гостите ги забавуваше веселиот и бучен бенд „Хабанита“. Ви пренесуваме мал сегмет од атмосферата вчеравечер.
Прославата продолжува и денеска. Вo 20 часот во просторот се организира роденденска изложба на .gif-ови (GIFEST) и изложба на полароид фотографии од сите гости кои ставиле своја фотка на хаштагот #Concept37!
Kонцептуалното кафуле за кусо време стана место каде што покрај вкусното кафе и пијалакот со пријателите, може да се конзумираат и низа културно-уметнички настани. Тоа е локал каде што познатите, но и анонимни дизајнери можат да ја покажат својата креативност, или да ја најдат својата инспирација. Во изминатите 365 дена во „Концепт 37“ се одржаа повеќе од 60 изложби, над 30 промоции на книги, накит, индустриски дизајн, мебел, како и повеќе иницијативи за општествена одговорност.
Нема коментари