Младиот бренд за урбана мода, „Раце горе“, со промоција на нова колекција на 20 март (петок) ќе го прослави својот прв роденден. Презентацијата и забавата ќе се одржат во скопското арт-кафе „Концепт 37“ со почеток во 19 часот . „Раце горе“, кој е основан во Битола на 20 март 2014, на посетителите на промоцијата ќе им приреди низа изненадувања, како и можност за набавување на примерок од лимитираната колекција на маици со принтови. За добрата забава во „Концепт 37“ ќе се погрижи диџеј Чваре.
Нема коментари