Четири месеци по претставувањето на првата колекција на Никола Гескиер како креативен директор на „Луј Витон“ и неколку седмици по најaвата дека рекламната кампања ќе ја работат дури тројца познати фотографи, еве ги првите визуели од „Серија 1“. Фотографирана од Брус Вебер, Ени Лејбовц и Јурген Телер, во кампањата за есен-зима 2014/15 ангажирани се неколку модерни хероини – Шарлот Генсбур, Кара Делевињ, Лија Кебеде, Фреја Беха Ериксен и Џин Кембел. Рекламната кампања ќе се појави во августовските броеви на познатите модни списанија.
Нема коментари