Според модниот календар ја ситниме пролетната сезона и се подготвуваме за модно лето, но големите модни куќи веќе се подготвуваат за промовирање на сезоната есен-зима 2014/15 со лансирање рекламни кампањи, а дел од познатите списанија од следниот месец ќе почнат да информираат за новите тенденции. Затоа да не ве изненади што брендовите почнаа да ги откриваат есенските реклами, а еве ја и првата фотографија од новата кампања на „Версаче“, премиерно поставена на Инстаграм-профилот на фотографското дуо Мерт и Маркус. Ѕвезди на гламурозната реклама се Ана Еверс и 43-годишната супермоделка Стела Тенант кои се облечени во секси фустани препознатливи за брендот.
Нема коментари