Креативниот директор на „Живанши“ Рикардо Тиши ја пренесе пораката „Верувам во моќта на љубовта“ на два големи настани на модната куќа оваа година, на ревијата во Њујорк на 11 септември и нешто подоцна на големата забава во Милано по повод отворање на нов бутик, а пораката за љубов ја продолжува и во новата кампања за пролет-лето 2016. Тиши и „Живанши“ дозволија прв поглед на кампањата објавувајќи фотографија на дуото Мерт и Маркус на која неколку нови манекенски имиња позираат во бели креации. На првиот имиџ може да се прочитаат неколку љубовни стихови на Ентони Хагарти, a дизајнерот кој модата ја гледа како медиум за покажување емоции и кампањите на „Живанши“ како провокација, па дури и општествени промени, во пролетната кампања ја вклопува во својата убеденост дека пораките на љубовта се заразни и влијателни. “Секој може да направи нешто многу мало, некој гест на љубов. Не велам дека тоа ќе го промени светот, но светот ќе стане подобар. Верувам во позитивна енергија, и сигурен сум дека оваа енергија ќе се прошири. Луѓето ми дале толку многу љубов и многу почит и тоа ми помогна да созреам“, смета Тиши. Во останатиот дел од кампањата ќе се појават неколку супермоделки и музи на Тиши, како Маријакарла Босконо, Наталија Водјанова, Лара Стоун, Џоан Смолс, Миранда Кер, Иселин Стеиро, Кендис Сонпул и Џема Ворд.
Нема коментари