Актерот Лаонардо ди Каприо вчера на својот Инстаграм профил ја сподели првата фотографија од новиот филм на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“. Филмот ја раскажува приказната за Чарлс Менсон и неговите следбеници кои во 1969 направиле масакр во една куќа во Холивуд, а меѓу убиените била бремената актерка Шерон Тејт, во тоа време сопруга на режисерот Роман Полански.
На фотографијата што ја објави ди Каприо позира заедно со Бред Пит. Леонардо го глуми Рик Далтон, актер се обидува да се пробие во Холивуд, Бред неговиот каскадер. Рик е првиот сосед на Тејт и Полански, па дејстието ги следи приказните за тоа како да се успее во Холивуд и за вистинскиот настан на убиствата на Менсон.
Тарантино за овој филм направи ѕвезден кастинг, покрај ди Каприо и Пит се појавуваат Ал Пачино, Марго Роби, Тим Рот, Дакота Фенинг, Барт Рејнолдс, Џејмс Марсден, Демјан Луис, Курт Расел, Тимоти Олфант, Емил Хирш…
Премиерата е најавена за следната година.
Нема коментари