Кога пред неколку месеци беше објавено дека Викторија Бекам ќе соработува со американскиот бренд Target, сите се замислија како би изгледале креациите на Posh спајсицата за не толку posh брендот, бидејќи сепак во ланецот продавници на Target се продава не толку отмена и скапа роба. Пејачката која што стана моден магнат за брендот креира лимитирана колекција од околу 200 парчиња која се претпоставува дека ќе предизвика хистерија во продавниците, слично како што се случи и со претходните колекции на Target направени во соработка со познатите дизајнери Стела Макартни, Питер Пилото, Алтузара, Филип Лим, Прабал Гурунг, Мисони… Линијата е наменета за жени и деца, со тоа што Викторија за прв пат креира детска облека. Колекцијата ќе почне да се продава идниот месец, а Бекам открива дека моделите ја откриваат поразиграната страна од нејзиниот стил. Таа исто така вели дека подолго време размислувала колку би било добро да прави облека за оние кои не сакаат или не можат да купат дизајнерска облека, и дека ѝ се допаѓа идејата да се претстави на поширока публика. Исто така, колекцијата е првата дизајнерска за Target која ќе содржи и поголеми конфекциски броеви. За промоција на колекцијата досега е објавен еден визуел, и ексклузивната приказна во априлскиот број на In Style. Викторија се појавува на насловната и во едиоријал во магазинот заедно со неколку дечиња облечени во креаициите на Target. „Колекцијта е рефлексија на разиграниот карактер на мојата втора линија Victoria, и е направена под влијание на моето искуство како мајка“, објаснува Викторија.
Нема коментари