Најпознатиот светски календар што го издава компанијата „Пирели“ со децении беше во знакот на женската убавина прикажана преку изразена сексапилност, разголени манекенки и пин-ап пози, во последните години донесе поинакви приказни со кои се слави талентот и природната убавина на жената, но сега календарот повторно ја менува насоката. Според првите фотографии од снимањето забележуваме дека „Пирели“ календарот е инспириран од приказната за „Алиса во земјата на чудата“ на Луидс Керол, кастингот е составен од црни модели, актери и познати личности, а сценографијата е богата и живописна. Фотографиите ги потпишува Тим Вокер, а стајлингот е дело на Едвард Енинфул, новиот главен уредник на британскиот Vogue.
Во новиот „Пирели“ календар се појавиваат Наоми Кембел, Адвоа Абоа, актерките Вупи Голдберг и Лупита Нионго, раперот Паф Деди, травеститот Ру Пол. „Приказната за Алиса е раскажана толку многу пати и на толку многу начини, но секогаш со бели актери. Никогаш немало црна Алиса, па сакав да покажам како сè може да се прикажат фиктивните ликови од фантазијата и да се истражуваат развојните идеи за убавината“, изјави фотографот Вокер за New York Times.
Нема коментари