Познатата шминкерка Шарлот Тилбери го лансира својот прв парфем Scent of a Dream, мирисна есенција која во кастомизирана форма некое време го употребува супермоделот Кејт Мос. Таа всушност е инспирација за парфемот, а шминкерката и нејзина долгогодишна пријателка подготуви мешавина која се базира на желбите на Кејт и на нејзиното искуство со парфемите. Има цветна нота, содржи неколку психоактивни состојки, меѓу кои едната делува на феромоните, потоа секси ноти на јасмин, роза, и тубероза, а резултатот е парфем кој претставива „портал за љубов, светлина, моќ, позитивност и секс“. Кејт вели дека се вљубила во парфемот уште кога првпат добила шишенце со пробен примерок и оттогаш мириса само на Scent of a Dream.
Нема коментари