По повод 30 години од независноста македонски дизајнери и уметници ќе дизајнираат Swatch часовници, на иницијатива на компанијата „Божиновски часовници и накит“
„Божиновски“ започнува една нова инспиративна приказна, посветена на 30-годишнината од независноста на Македонија. -По тој повод одлучивме да ја обоиме Македонија со впечатливи локализирани дизајни на Swatch часовници, дизајнирани од македонски дијзанери и уметници, и со тоа да се вброи во само неколкуте земји во светот кои ќе успеат да направат локален дизајн.
Првиот Swatch со македонски дизајн на кој веќе работиме официјално ќе биде претставен на осми септември, а на осми септември ќе биде претставена и листата на дизајнери, уметници и илустратори кои ќе продолжат да ја раскажуваат оваа наша автентична приказна – велат од компанијата. И токму тука „Божиновски“ го бара придонесот на своите клиенти, како луѓе кои ја живеат и слават уметноста во нашето секојдневие, да се вклучат во овој проект со свои предлози и заедно да се созададат безвременски ремек дела.
Доколку сакате да учествувате во платформата и да бидете дел од ова патување, слободно пратете ги вашите предлози тука.
Во следната фаза ќе се направи листа со имињата кои најчесто се повторуваат во предлозите, која повторно ќе ви биде испратена на гласање.
Нема коментари