Како една од омилените модни класици, маичката со линии може да се комбинира со разни парчиња и дури да се носи и во посвечена комбинација. Во 20-тите години Коко Шанел ја „познајми“ пругастата маица од бретонските рибари и ја вметна во светската мода, па оттогаш во разни форми ја среќаваме постојано. Поради чистата графичка шара, одговара на жени од сите возрасти и зависно од кројот, должината на ракавите, видот на деколтето и деталите одлично се комбинира со фармерки, шарени здолништа, џинс-шорцеви, тесни молив-здолништа за поелегантен изглед, па дури и како дел од свечена комбинација, по примерот на актерката Дајан Кругер. Совршено се вклопува во дневни и вечерни варијанти, со спортски и елегантни комбинации, а може да се носи под сако или врз шарен фустан.
Алекса Чанг
Дајан Кругер
Џесика Алба
Оливија Палермо
Ники Рид
Нема коментари