Париската модна куќа Céline („Селин“) за разни модни медиуми ги отвори вратите на своите нови канцеларии за да открие еден возбудлив моден свет. Куќата за која креира британската модна дизајнерка Фиби Фајло која наметна посебна минималистичка естетика во креациите, пред извесно време го пресели главниот штаб и канцеларии во париска историска палата од 17.век. Овде се сместени разни оддели на куќата, како главното ателје на Фајло каде што се креираат креациите, потоа шоурумот, маркетинг службата, одделот за ПР, работилниците за шаблони за материјали и за рачно везење. Ако претходното разните оддели на куќата биле распоредени на три различни локации во Париз, сега се сместени под еден покрив, во урбан простор кој е целосно осмислен од страна на дизајнерката Фајло.
Всушност, ентериерот на просторот е идентичен со оној од светските бутици на „Селин“ и главната улога ја имаат сивите ѕидови и мермерните подови. За да се задржи карактерот на палата, оставени се големите дрвени врати, бродурите на плафонот и на некои ѕидови, дрвените греди, старинските камини и неокласичните скали, а во исто време внесен е модернистички декор и современи предмети.
Нема коментари