Брендот Pronovias можеби е препознатлив по венчалните фустани, но секогаш во својата понуда има и фустани кои се наменети за гостите на свадбените прослави, нп кои што може да се носат и било други свечено прослави. Новата колекција на свечени фустани е инспирирана од холувудскиот гламур после полноќ и ноќните забави кои се случуваат после настаните на црвен килим. Се забележуваат неколку стлилови – романтични фустани со слоеви од тул, модели во минималистичка елеганција, фустани со драпирани и плисирани делови, креации со широк и кринолест долен дел, како и црни и модели со светки кои се евергрин за свечените настани.
Нема коментари