Наоми Кембел, Вупи Голдберг, Лупита Нионго, Паф Деди, Ру Поли и Адвоа Абоа се главните протагонисти во најпознатиот светски календар што го издава компанијата „Пирели“ за 2018 година. Деновиве во Њујорк беше промовирано новото изание, во присуство на моделите – познати Афроамерикански личности од повеќе области, модата, глумата, музиката и активизмот. Приказната во новата фотосесија, која ја сними Тим Вокер е инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“.
- Приказната за Алиса е раскажана толку многу пати и на толку многу начини, но секогаш со бели актери. Никогаш немало црна Алиса, па сакав да покажам како сè може да се прикажат фиктивните ликови од фантазијата и да се истражуваат развојните идеи за убавината- изјави фотографот Вокер за New York Times.
Сценографијата е во функција на приказната на Луис Керол, исто и стајлингот, за кој се погрижи новиот главен уредник на британскиот Vogue, Едвард Енинфул.
Нема коментари