Во сексапилно и провокативно издание, поп-ѕвездите Тамара Тодевска и Аделина Тахири и водителката Марјана Станојковска позираа за календарот за 2015 година на компанијата за вода и безалкохолни пијалaци, „Пелистерка“. Станува збор за петтиот календар на „Пелистерка“ во кој традиционално се прави симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата.
На официјалната промоција на календарот, што се случи денеска во Trend Lounge Restaurant во Скопје, беше откриено дека фотографиите се снимени во базата на „Пелистерка“, во Битола, каде што трите атрактивни девојки со својата женственост се контратежа за некои од најгрубите фабрички погони.
Пелистерка, останува доследна на својата позиција на лидер во својата индустрија, но и на општествено одговорна компанија која се грижи за генералниот бенефит. Компанијата ги насочува планираните финансиски средства од предновогодишната промоција, за набавување на медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола. Вредноста на вкупната донација е околу 1 милион денари, а во секоја од клиниките во овие три града ќе биде доставена како пред божиќен подарок од Маријана, Аделина и Тамара.
- Со оглед на константно високото ниво на загаденост и ефектите по здравјето на жителите во овие три големи градови во Македонија, заклучивме дека е далеку поприоритетно да овозможиме набавка на апарати за константно мониторирање на состојбата на загрозените пациенти, пред се на децата, кои се најподложни на реакции по временските промени. Станува збор за мобилни апарати од типот МР (MindRay), кои овозможуваат следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега и вклучуваат широк обем на медицински парамети за набљудување-беше речено на прес-конференцијата.
Нема коментари