По повод проширување на американскиот пазар францускиот моден бренд Sandro организираше приватна вечера за пријателите и клиентите во еден од култните бунгалови на познатиот хотел „Шато Мармонт“ во Лос Анџелес. На настанот се појавија повеќе млади актерки, како Еми Росум, Ема Робертс и Џејми Кинг, сите љубителки на парискиот шик бренд. Росум, облечена во креации на Sandro изјави дека и’ се допаѓа облеката на брендот бидејчќи е наменета за самоуверени жени, кои сепак се лежерни и забавни.
Актерката и поранешна манекенка Џејми Кинг носеше сиви панталони со висок струк, бел кус џемпер, жар-црвена чанта и чевли со мотив на усни, додека Ема Робертс избра кожени панталони и сvилена кошула со детали од тантела. Брендот Sando претставува симбол на париски шик и кул изглед, а за него креираат мајката и синот Евелин и Илан Шентрин.
Нема коментари