Вчера во продавницата на M.A.C во Скопје City Mall, беше одржана промоција на новите Retro Matte кармини, со кои присутните имаа можност на лице место да се запознаат со нивната неверојатна текстура и долготрајност, и со помош на make up артистите на M.A.C да ја креираат нивната боја.
На настанот присуствуваа врвни македонски make up артисти, новинари, блогери, дами од модниот свет во Македонија и други личности од јавниот живот. Тие ја имаа можноста на креативен начин да се запознаат со Retro Matte кармините и да експериментираат со нијансите креирајќи ја нивната омилена боја.
За време на промоцијата владееше пријатна атмосфера, се уживаше во вкусот на престижното пенливо вино Prosecco, a гостите се забавуваа споделувајќи ја својата креација со фотографија на социјалните мрежи под хаштаговите #macretromatte, #mixandmatch И #macskopje.
Ова беше совршена прилика за гостите како и за make up артистите да ги споделат своите искуства, идеи и совети за професионална шминка.
За Retro Matte Liquid Lipcolour
Retro Matte кармините се наменети за сите кои сакаат безвременски гламур со неверојатен мат финиш. На овој начин M.A.C претстави робустно заситените класични нијанси со инересен пресврт наречен – Retro Matte Liquid Lipcolour.
Без разлика за која нијанса и да се одлучите, сите ветуваат едно нешто: Богата боја со течен, матиран финиш кој е невозможно да го заборавите.
Нема коментари