Мешавина од бели цветови и пачули споени во вистински haute couture парфем за смели жени што не се плашат од гламур е првиот впечаток за Dahlia Divin, новата мирисна нота на францускиот бренд „Живанши“ од серијата започната со Dahlia Noir и кој беше промовиран вчеравечер во скопската „Вила Веранда“. На македонската промоција на новиот парфем на „Живанши“ беше претставена златно-белата приказна за Dahlia Divin, елегантна и отмена парфемска вода во која освен опојни бели цветови на јасмин и ориенталното пачули се чувствуваат и мирис на мирабела-слива и дрвенести ноти од ветивер и сандалово дрво. Спакуван во елегантно шишенце со златни букви, Dahlia Divin има и ново заштитно лице на „Живанши“ – познатата американска пејачка Алиша Кис, која според луѓето од модната куќа е олицетворение на сензуална, динамична и боженствена, односно divin жена.
Промоцијата на парфемот Dahlia Divin се случи во пријатна атмосфера со звуците на поп хитови и класична музика, но и игра на пантомимичар, а се заокружи со пуштање на фенери кои со златен сјај го осветлија небото над Скопје. Погледнете ги фотографиите од промоцијата.
Нема коментари