Модната куќа Dior има нова мирисна приказна која ги отелотворува радоста, среќата и гламурот и ги спакува во новиот парфем Joy by Dior. Оваа мирисна креација е дело на парфумерот на куќата Франсоа Демаши, кој создаде парфем кој мириса на среќа – свеж, цветен, со ноти на сандалово дрво, мошус и цитрусно овошје. Dior за заштитно лице на Joy by Dior ја избра актерката и оскаровка Џенифер Лоренс која со својата карактер, енергичност, духовитост ја дополнува сликата за радост и свежина.
Joy by Dior веќе го има во нашите парфимерии, а македонската промоција се одржа пред неколку дена во скопскиот хотел „Арка“. Присуствувавме на настанот обоен во бела боја, на кој Сунчица Величковиќ – Смилјаниќ, бренд менаџер за Dior на компанијата ИТИ Козметик, нè запозна со приказната за создавањето на новиот сензуален парфем.
Како настана JOY
„Јоу“ – едноставен и краток збор кој носи чувство чие постоење е посакувано
Тука е, го чувствуваме, го сакаме… Но, прашањето е како чувството на радост да се преточи во парфем? Амбиција која стана реалност. Мирис кој ги пренесува сите животни радости, кој го чувствувате како минува низ телото, кој ја изразува миризливата сензација на постоењето, каде што не постои можност за непредвидени случувања.
Мирис кој ги гали сетилата, кој го чекате со отворени раце, кој не остава ниту еден човек рамнодушен. Не можете да дефинирате дали е цветен, свеж или млечен. Но, без разлика на сите карактеристики кои се обидувате да ги дефинирате и не знаете точно кои се, во едно сте сигурни – тоа е мирис кој носи РАДОСТ(JOY).
Не случајно актерката Џенифер Лоренс е избрана да биде заштитно лице. Извонредна актерка која е вистинска ѕвезда во галаксијата на Dior која му дава карактер на новиот парфем благодарение на нејзината природност и сензуална женственост. Секогаш автентична, блескава, сончева и прекрасна – таа ја пренесува РАДОСТА на Dior.
Парфемот е достапен во сите подобро снабдени парфимерии во Македонија.
Нема коментари