Дизајнерскиот колектив „Творница“ од денеска во 13 часот - до 23 септември ќе одржи промоција и комерцијална изложба на GUM чашите во концептуалниот простор Lotus Design Store во „Скопје сити мол“. „Разиграните“ GUM чаши се изработени исклучиво од материјали безбедни за употреба во исхраната. Рачниот процес е применет од самиот почеток на изработка на моделите и калапите за лиење на глината, преку рачно моделирање во посакуваната форма на секоја чаша засебно се до рачно изработен процес на фарбање со цел да се добие што подобар финиш на секој производ засебно. GUM чашите ќе може да се набават по промотивна цена за времетраење на изложбата. Проектот GUM’S е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура, како дел од проектот за развој на креативните индустрии во Македонија.
„Творница“ во соработка со Lotus Design Store на 26 септември од 12 до 16 часот ќе одржи работилница за обликување на ќерамички чаши, на четвртото издание на Skopje Design Week во Куршумли Ан. Настанот ќе биде под менторство на Александар Дудески, а ќе учествуваат шест кандидати, млади продукт дизајнери, грнчари и уметници oд балканскиот регион кои би сакале да дознаат повеќе за „Индустриска уметност“ и процеси на создавање на производи.
GUM’S е проект на „Творница“ каде што дизајнерите, уметниците и занаетчиите заедно создаваат керамички производи во процесот кој е наречен „Индустриска Уметност“. Индустриската уметност е специфична диференцијална стратегија на фокус која дава дополнителни вредносни карактеристики и конкурентни граници на едноставните нешта. Таа е концепт кој вклучува: дизајнирање, развивање и производство на единствени производи. Секој производ од нивната колекција е уникатно „употребливо парче уметност“. Ќебид е презентирана деликатната техника на вајање ќерамика, што ја користат при развивањето и производството.
Нема коментари