Новата колекција за есен-зима2016/17 „Жар птица“ на Ирина Тошева доби фото-приказна, снимена од фотографот Миладин Паповиќ. Фотографиите, како и парчињата од линијата ќе бидат промовирани во среда (23 ноември) со почеток во 21 часот, во новата концептуална продавница и бистро Wonderlust, ул. Македонија. За убавата атмосфера ќе биде задолжен диџеј Game Over, а посетителите ќе можат одблизу да ги видат и пробаат парчињата од колекцијата по специјални цени.
Колецијата инспирирана од потрагата по жар-прицата и нејзиниот колорит, премиерно беше презентирана на финалето на неодамна одржаниот Моден викенд-Скопје. Линијата е мало резиме на различни елементи од нејзината досегашна работа. Креациите се од природни материјали, младешки крој и со ведри бои.
Ирина деновиве престојуваше во Москва, каде што со Никола Кунгуловски, нејзиниот соработник за минатата колекција „Риза“, беа поканети да бидат дел од 3D Print Expo и да зборувамат за користењето на 3д-технологиите во секојдневната мода.
Нема коментари