На денешната средба со новинари брендот „Еуцерин“ (Eucerin) ја претстави новата линија за нега на возрасна кожа ELASTICITY+FILLER, поточно за негување по 50-тата година, кога жените ја губат еластичноста и сјајот на кожата, а на оваа возраст веќе се манифестираат длабински брчки. Според една анкета на „Баерсдорф“, германската компанија која стои зад брендот „Еуцерин“, најголем број на испитанички изјавиле дека токму брчките им се најголем проблем, затоа „Еуцерин“ се насочува кон креирање козметички производи кои ќе ја решат оваа несакана појава.
-Одделот за истражување и развој на Еуцерин постојано работи на унапредување на технологијата за борба против стареење на кожата и своите иновации овој пат ги имплементира во новата линија за нега на возрасна кожа Elasticity+Filler, која се состои од дневна, ноќна крема и масло за нега на кожа на лице, врат и деколте, наменети за нега на возрасна кожа после 50-тата година – изјави пред претставниците од медиумите д-р Соња Петрушеска, стручен медицински соработник на „Баерсдорф“ за Македонија.
-После 50-тата година, освен постепеното истенчување на кожата заради намалената количина на еластин, колаген, масно ткиво и други градбени состојки, доаѓа и до видно намалување на активноста на лојните жлезди, намалување на имунитетот и отпорноста кон УВ-те зраци, нарушување на микроциркулацијата на кожата. Резултат на тоа е посува и помалку еластична кожа на која брчките се сѐ подлабоки и која постепено го губи и природниот здрав сјај. Кај дел од луѓето како последица на претходно наведените промени на кожата, се јавува и видливо црвенило во предел на лицето. Потребите од негата на оваа кожа секако се големи. Производите од новата линија на „Еуцерин“ – Elasticity+Filler се адаптирани за соодветна нега за кожа на оваа возраст. Со оваа нега ќе делуваме на враќањето на сјајот и убавиот тен на кожата, на еластичноста и тонусот на кожата и намалувањето на брчките – додаде д-р Петрушеска.
Станува збор за производи кои имаат уникатна комбинација на активни состојки. Хијалуронската киселина видно и брзо ги пополнува брчките, арктиинот делува стимулативно на синтезата на колаген во кожата со што го враќа тонусот на кожата, а силимаринот ја подобрува микроциркулацијата и води кон подобра еластичност и сјај на кожата, а се намалува и црвенилото на лицето кое е резултат на зголемената чувствителност на кожата кон УВ-те зраци заради истенченост на кожата. Освен овие 3 активни состојки, во производите од линијата Elasticity+Filler има и арганово масло кое ја потхранува кожата во текот на ноќта. Тоа заедно со витаминот Е делува антиоксидантно, борејќи се ефикасно со слободните радикалите кои ја оштетуваат кожата. Elasticity+Filler кремот за дневна нега исто така, содржи и SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочуваат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.
Бројните клинички студии ја докажуваат ефикасноста на Elasticity+Filler производите во борбата против знаците на стареење и целосно ги задоволуваат потребите за нега на возрасната кожа. Затоа, искористете ги последните новитети од науката и уживајте во својата кожа.
Нема коментари