Во магичниот амбиент на Капан ан во Старата скопска чаршија, дизајнерскиот тандем Моника Лозановска и Александар Милев, кои креираат под етикетата „Еклектика“ и креативката Ива Кунгуловска („Зорко арт“) вчеравечер ги промовираа новите колекции. Во и околу ателјето на „Еклектика“, сместено во Капан ан, можеа да се погледнат колекциите филигрански накит со мистични имиња Paua, Incite и Nyada. Свое деби имаше и Кунгуловска од Zorko Art , која е ученичка на Лозановска и Милев. Таа се претстави со слики во кои е вметнат филигранот, како и со икони.

Александар Милев и Моника Лозановска креираат под етикетата „Еклектика“

Новите колекции филигрански накит на „Еклектика“ се со мистични имиња Paua, Incite и Nyad

Креативката Ива Кунгуловска („Зорко арт“) го примени филигранот во своите уметнички дела
Нема коментари