Пред скоро половина век за првпат се појави козметиката на Dr. Хauschka на рафтовите на германските аптеки и ги одушеви љубителите на природната козметика, а кога овој козметички бренд пред осум години се појави на македонскиот пазар, отвори едно ново поглавје во користењето на природна и органска козметика и го смени начинот на негување во ритамот со природата. На медиумско дружење во „Концепт 37“ вчера се запознавме и со новиот производ на брендот, течната пудра која може да се најде под официјалното име Dr. Hauschka Foundation. На средбата со новинарите и блогерите, пудрата ја претстави Лозенка Павлеска, дипломиран фармацевт и застапник на Dr. Hauschka за Македонија, која зборуваше за новата формула на пудрите, својствата и клучните состојки, како и за придобивките од користење на козметика со предзнак органска.
Новата пудра на Dr. Haushka доаѓа во пет нијанси спакувани во атрактивни црни туби и е резултат на нова формула на доскорешната линија на пудри. Обезбедува одлична покривна моќ заснована на минерални пигменти, и состав базиран на органски масла и восоци, есенции и екстракти од лековити билки, кои ќе ја чуваат виталноста на кожата и ќе ја зајакнат нејзината природна функција. Ги прикрива малите дамки, сенки и зони на црвенило без сокривање на вашата личност! Благодарение на формулата и моќните состојки Dr. Hauschka Foundationпотврдно ќе одговори на прашањето дали постои течна пудра со чие долгорочно нанесување се поправа состојбата на кожата.
За совршен тен клучни се и главните состојки – екстракти од калинка, макадемија и кокос. Екстактот од калинка е извонреден антиоксиданс важен за регенерација, ревитализација и заштита на кожата од слободните радикали. Маслото од макадемија е најскапото масло во светот кое многу тешко се извлекува од растителното ткиво, но помага во зачувувањето на хидратацијата на кожата и ја прави поблескава. Маслото од кокос е многу важна состојка која има улога на природен силикон и помага пудрата да се впие рамномерно, не оставајќи видливи траги при нанесувањето на кожата.
Новата формула на Dr. Hauschka Foundation допринесува за подобра текстура и задоволителна покривна моќ, а петте нијанси ги задоволуваат потребите на жени со различен тен, почнувајќи од светли и нешто потемни, неутрални, но и ладни и топли тонови, во што се уверија присутните новинари и блогери. Минералните пигменти се дозирани така што пудрата се топи со бојата на кожата, го изедначува тенот и ги прекрива ситните неправилности, дамките и до некоја мера црвенилото на кожата, но пред сè има цел да ја истакне индивидуалната убавина на кожата. Гостите на промоциите го почуствуваа и освежителниот мирис на пудрата, впрочем Dr. Hauschka секогаш обрнува внимание на природниот мирис на своите производи. Мирисната пирамида на новите пудри се отвора со свежи, цитрусни ноти, кои веднаш по нанесување добиваат потопли, овошни нијанси на кокос и ванила.
Нема коментари