Еден од најпопуларните македонски хип-хоп диџеи, Гоце САФ, направи микс со урбана музика за Buzz shop. Од тоа произлезе и првото издание, Buzz Mix tape Vol.1, кое ќе биде промовирано денеска со почеток во 18:45 часот во Buzz shop во Skopje City Mall.
-Buzz shop е дестинацијата на сите љубители на lifestyle шопингот. Тоа е место кое ги спојува одличниот шопинг со различните – нови и етаблирани области на урбаното живеење. Buzz на своите потрошувачи константно им носи новитети од глобалното опкружување преку селектирани колекции патики презентирани на посебен начин. Мисијата на овој lifestyle концепт е да промовира нова култура на casual и спортска гардероба преку модерна, поинаква и оригинална презентација. Во таа насока, Buzz екипата направи одличен спој со музиката, како еден од синонимите на урбаната култура. Еден од главните виновници за промоцијата и издигнувањето на македонската хип хоп култура на повисоко ниво Гоце САФ, специјално за Buzz подготви Mix tape со етаблирани гости од светската хип хоп сцена-велат од Buzz shop.
Специјално на денот на промоцијата, дополнителни 20% попуст на целиот асортиман.
Нема коментари