Брендот за накит и модни додатоци Parfois ја претстави новата колекција пролет/лето 2014 инспирирана од четири главни трендови: ретро-спорт, уметност во изработката, едноставност и пастелни нијанси.
Трендот ретро-спорт е наменет за храбрата и безгрижна жена, а го симболизира враќањето на минатото во сегашноста. Рефлектира спортски стил во комбинација со класични форми, материјали кои до сега не се користени заедно како акрил, невидливи магнети, платнени ремени во риги и сл. притоа користејќи палета на основни бои и принтови инспирирани од графити.
Трендот уметност во изработката внесува новитет во производите на Parfois поточно ја воведува превртената кожа во комбинација со други луксузни материјали. Метални додатоци, реси и детали од кожа се појавуваат кај чантите и чевлите. Урбан и свеж, овој тренд го претставува совршениот спој на раскошот и едноставноста.
Едноставноста како тренд во колекцијата пролет/лето 2014 на Parfois е воочлива преку секојдневен, лежерен стил кој во исто време е и софистициран. Оваа линија комбинира дневни чанти со метални детали и сребрени и златни додатоци.
Пастелните тонови во колекцијата за сезоната што доаѓа се забележливи преку модни додатоци за деликатен изглед. Чанти со апликации и цветни принтови за женствен и безвременски изглед.
Нема коментари